Почитувани,
Ја започнавме нашата приказна во 2015 година со мал пчеларник во с.Љубанци и изработка на кошници за пчели за сопствени потреби. Веќе следната година се појави интерес за кошниците од нашите пријатели – пчелари од кои учевме и соработувавме во исто време. Од тогаш па се до денес постојано и секојдневно сме посветени на нашето производство. Постојано се прошируваме и опремуваме со цел да излеземе во пресрет на зголемените барања на нашите клиенти и идни пчелари кои одлучиле да се занимаваат со пчеларство. Нудиме кошници за пчели изработени исклучиво од суво дрво и квалитетен материјал со прецизна изработка. Во мај 2017 година, отворивме и сопствена продавница на главната улица (Благоја Стефковски бр. 26) во населба Маџари (непосредно пред киното). Во нашата продавница располагаме со комплетна понуда на пчеларска опрема, како за почетници, така и за професионалци. Активно ги работиме програмите на АФПЗРР и ИПАРД за набавка на пчеларска опрема.


Веќе 7-ма година, со голема љубов и ентузијазам сме посветени на нашиот пчеларник. Секоја година со нетрпение је чекаме пролетта, период од годината кога активностите на пчеларникот се најголеми и најдинамични. Од година во година го прошируваме нашиот пчеларник и не планираме да застанеме. Во исто време ги охрабруваме сите оние кои се двоумат дали да започнат со пчеларство, бидејќи од сопствено искуство најодговорно тврдиме дека станува збор за исклучително здрава, благородна и многу перспективна професија. За сите заинтересирани препорачуваме што порано да започнат бидејќи станува збор за професија, која секогаш враќа со големи благодети, како за нашето здравје, така и за нашите деца. Младите максимално ги охрабруваме и подржуваме, а повозрасните ги советуваме да не чекаат да одат во пензија за да почнат да пчеларат. Во соработка со други пчелари и соработници, посредуваме во набавка на пчелни роеви (нуклеуси) и пчелни матици и обезбедуваме соодветни документи за истите.